Гевгелија: Министерот Златко Перински во Гевгелија: работна средба со претставници на локалната самоуправа и увид во значајни инвестиции

објавено во Општински вести | 0
Гевгелија: Министерот Златко Перински во Гевгелија: работна средба со претставници на локалната самоуправа и увид во значајни инвестиции

Во работна посета на Општина Гевгелија, беше министерот за локална самоуправа, Златко Перински. Во Народниот театар- Гевгелија, во присуство на министерот Перински, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и претседателката на Советот на Општина Гевгелија, Анета Стамкова, беше реализирана средба со претставници од локалната самоуправа и јавниот сектор. Имено, на средбата се разговараше за новиот Ресурсен центар и активностите што ги презема Министерството за локална самоуправа, а во насока на подобро функционирање на општините и подобрување на услугите кон граѓаните.

Овие средби се дел од карванот „Каде што срцето е дома“, чија цел е преку директни контакти, размена на искуства, идеи и предлози да се идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат општините и заеднички да се изнајдат решенија за нивно надминување во насока на поголем напредок.

Во рамки на посетата, градоначалникот Сарамандов и министерот Перински извршија увид во градежните работи на Проектот за реконструкција на старото училиште во Серменин и изградба на новата велосипедска патека. Согласно Проектот, на приземјето од објектот е предвидена туристичко-информативна точка, простор за визуализација и изложбени простори со дигитално претставување на важни места и традиции на гевгелиското поднебје, две повеќенаменски простории кои ќе се користат за разни активности и административен дел. Новата велосипедска патека ќе се протега од објекот на старото училиште до манастирот „Св. Илија“, во должина од 1.005 метри.

Проектот се реализира во рамки на ИПА Програмата „Алтернативни балкански рути за мобилност за одржлив туризам“, за што Општина Гевгелија во партнерство со Општина Разлог од Бугарија аплицираше на Повикот за финансирање.

Според Перински, Проектот не само што значи нова инфраструктура туку и создава нов туристички производ кој ќе го поврзе регионот и ќе отвори нови можности за локалниот бизнис, туризмот и младите. Притоа, истакна дека Југоисточниот регион има потенцијал за развој на туризмот, а ваквите проекти покажуваат како европските програми се претвораат во конкретни инвестиции на терен. Воедно, нагласи дека Владата преку двата Јавни повика за финансирање на инфраструктурни проекти во општините, за Општина Гевгелија одобри за финансирање 11 проекти во вредност од 221.514.791 денари.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, очекува брзо завршување на Проектот и негово ставање во функција, со што Гевгелија и Серменин добиваат нов објект што ќе придонесе за збогатување на туристичката понуда.

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843www.gevgelija.gov.mke-mail: gevgelijao@t-home.mk

© 2023ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА- Сите права се задржани.

Ни треба вашата согласност пред да продолжите на нашата веб-локација.На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашатаполитика за приватност.You can revoke or adjust your selection at any time underSettings.

Прифатете само основни колачиња.

Индивидуални поставки за приватност

Детали за колачињаПолитика за приватност

На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашатаполитика за приватност.Овде ќе најдете преглед на сите употребени колачиња. Можете да дадете согласност за цели категории или да прикажете дополнителни информации и да изберете одредени колачиња.

Прифати ги ситеЗачувајПрифати само неопходни колачиња

Основните колачиња овозможуваат основни функции и се неопходни за правилно функционирање на веб-локацијата.

Прикажи информации за колачињаСокриј информации за колачиња

Содржините од видео платформите и платформите за социјални медиуми се стандардно блокирани. Доколку се прифатат колачињата за надворешни медиуми, пристапот до тие содржини повеќе не бара рачна согласност.

Прикажи информации за колачињаСокриј информации за колачиња

powered by Borlabs Cookie

Политика за приватност


Извор: Општина Гевгелија