24/06/2026|Новости|admin
Се покануваат сите млади невработени лица од нашата општина утре (среда 24.06) со почеток од 15 часот во салата за состаноци на општина Неготино да присуствуваат на презентацијата на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година.
Со планот, посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години, долгорочно невработените, како и корисниците на гарантирана минимална помош. Оперативниот план тежи 39,3 милиони евра и со истиот ќе бидат опфатени вкупна 10,352 лица од цела држава, меѓу кои и од општина Неготино во зависност од интересот.
И годинава има 3 подткатегории и тоа за првата со финансиска поддршка за самовработување до 7.000 евра неповратни средства за започнување на бизнис, втората со поддршка до 10.000 евра и третата со здружување на две лица, при што финансиската поддршка се движи од 14.000 до 20.000 евра.
Сите заинтересирани млади од општина Неготино подетални информации ќе добијат во текот на утрешното претставување на Оперативниот план за самовработување.
Извор: Општина Неготино