Денес, во просториите на Општина Долнени, беше одржан работен состанок со градоначалникот на Општина Долнени, Блерим Ислами, и директорот на Јавното комунално претпријатие „Долнени“, Џемалудин Џафероски.
На состанокот беа разгледани можностите за унапредување на меѓуопштинската соработка, при што посебен акцент беше ставен на проблемите со честите прекини во водоснабдувањето на населените места Подвис, Годивле и Кореница, кои се снабдуваат со вода преку Регионалниот водоснабдителен систем „Студенчица“.
Дополнително, се дискутираше за заеднички пристап во решавањето на тековните и идните комунални предизвици, унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните, како и подобрување на координацијата при одржување и развој на комуналната инфраструктура.
Беше нагласена важноста од континуирана комуникација и партнерски однос меѓу двете општини и јавните претпријатија, со цел навремено, ефикасно и одржливо решавање на прашањата од заеднички интерес.
Состанокот помина во конструктивна и работна атмосфера, со изразена подготвеност за продлабочување и интензивирање на меѓуопштинската соработка во наредниот период.
Извор: Општина Кривогаштани