Новаци: АКЦИЈА ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

објавено во Општински вести | 0
Новаци: АКЦИЈА ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност – Скопје и Општина Новаци реализираа заедничка превентивна акција со делење едукативни флаери за безбедно возење и одговорно учество во сообраќајот без консумирање алкохол.
Воедно, ОСБСП Новаци беше на терен во рамките на активностите за одбележување на празниците Св. Трифун и Св. Валентин, спроведувајќи превентивно-едукативна акција во Новаци во соработка со МВР – ПС Новаци. Членовите на ОСБСП и полициските службеници преку директна комуникација со возачите и делење едукативни флаери упатија силна порака – да не се седнува зад волан доколку се консумира алкохол.
Слоганите на оваа акција се:
Не дозволувај чашата алкохол засекогаш да ти го промени животот.
Секој живот е важен – вози одговорно!
Ако пиеш – не вози.
Ако возиш – не пиј.
Алкохолот и воланот не одат во двојка.
#БезбеденСообраќај
#ВозиОдговорно
#Новаци
#секојживотеважен


Извор: Општина Новаци