Велес: МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

објавено во Општински вести | 0
Велес: МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

Меѓународна научна конференција на тема „Рацин меѓу Мисирков, Андреевски, Стефановски и потоа…“ во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, се одржа денеска во фоајето на театар Ј.Х.К. Џинот, во чест на Рацин и одбележувањето на 63. Рацинови средби.

Со свои излагања  и научни трудови за животот и делото на Рацин се претставија голем број истакнати универзитетски професори, истражувачи и љубители на пишаниот збор.

Со својата револуционерна поезија и општествена мисла Рацин останува неисцрпен извор за научна анализа и инспирација за новите генерации.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес