Македонска Каменица (Настани): ГАЛОСКИ ќе настапи на Денот на дијаспората во Македонска Каменица

објавено во Општински вести | 0
Македонска Каменица (Настани): ГАЛОСКИ ќе настапи на Денот на дијаспората во Македонска Каменица

Денот на дијаспората во Македонска Каменица продолжува да ја збогатува својата програма со нови содржини. На барање на помладите генерации, дел од овогодинешниот настан ќе биде еден од најуспешните македонски продуценти и диџеи –ГАЛОСКИ.

ГАЛОСКИ е препознатливо име на современата електронска музичка сцена. Тој снима за издавачката куќа наDimitri Vegas & Like Mike, а неговата музика континуирано добива поддршка од светски познати имиња какоDavid Guetta, Tiësto, Armin van Buuren, Martin Garrix, Solomun, Swedish House Mafia, Steve Angello, Sebastian Ingrossoи многу други.

Ова ќе биде негов прв настап во Македонска Каменица, каде ќе го приреди финалното аудио-визуелно шоу на Денот на дијаспората.

Настанот ќе се одржи на9 август, на главната градска улица„Александар Македонски“, со нов и модерен концепт кој ќе понуди повеќе од шест часа разновидна програма за сите генерации.

Со настапот на ГАЛОСКИ, Денот на дијаспората добива уште една современа и урбана димензија, збогатувајќи ја понудата со спектакуларно музичко доживување кое ќе ја заокружи вечерта.

Општина Македонска Каменица ги поканува сите граѓани, гости и иселеници да бидат дел од оваа незаборавна вечер.


Извор: Општина Македонска каменица