Делчево (Новости): Денот на водата – одбележан во Делчево

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Денот на водата – одбележан во Делчево

Со кратки предавања, експерименти и изложба на ликовни дела со тема-Ден на водата- СОУ  „М.М.Брицо“ во соработка со основните училишта „Ванчо Прке“ „Св. Климент Охридски“ Делчев  ги покажаа своите знаења за природните науки, но и го афирмираа значењето на водата како еден од најважните ресурси, а по повод Светскиот ден на водата.

Проектот има за цел да ја поттикне соработката меѓу училиштата и да ја подигне еколошката свест кај учениците за значењето и заштитата на водата како еден од најважните природни ресурси, а активно беа вклучени ученици од природно-математичката насока и учениците кои освоиел награди или покажуваат голем интерес за природните науки: билогија, хемија, физика, географија.

Во рамки на проектот ќе се реализираат повеќе активности:

Со реализацијата на проектот се очекува:

Со овој проект, СОУ „М.М.-Брицо“ Делчево ја продолжува традицијата на организирање едукативни и еколошки настани, кои ги поврзуваат учениците со природата и ја поттикнуваат нивната одговорност кон животната средина.

Во рамки на активностите за одбележување на Денот на водата по предметот Природни науки, учениците од V одделение ја посетија пречистителната станица за вода во с. Тработивиште. Учениците се запознаа со процесот на филтрирање, пречистување, третирање и дистрибуција на водата за пиење од брана Лошана и бунарите до нивните домови.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево