Општина Делчево, преку ТППЕ Делчево и согласносонасоките наОпштинскиот штаб за заштита и спасување, започнува со спроведување редовни дронски контроли на терен, со цел навремена превенција и откривање потенцијални шумски пожари.
Со користење на новата современа технологија, значително се унапредува мониторингот на ризичните подрачја и се овозможува побрза и поефикасна реакција на надлежните служби.
Овие активности ќе продолжат и во наредниот период, во координација и соработка со други релевантни институции, со заедничка цел – заштита на шумите, животната средина и безбедноста на граѓаните.
Апелираме до сите граѓани на одговорно однесување и почитување на мерките за заштита од пожари.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево