Општина Делчево ги информира граѓаните дека пристигнаа првите шлепери со вода за пиење обезбедени од Општина Делчево и од донаторот „Кожувчанка“. Водата ќе биде распределена по пунктовите и ќе се дистрибуира сукцесивно и согласно со потребите и барањата на граѓаните.
Во оваа прилика, апелираме до сите граѓани на Општина Делчевода го почитуваат редот придистрибуцијатана водатаза пиењеи да се почитува утврдената динамика.
Восоработка со ТППЕ Делчево, ЈКП „Брегалница“ Делчево и ОО Црвен Крст Делчево,сеорганизираатпунктовитеза достава на вода за домаќинствата:
ДОСТАВА НА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ
Контакт телефон Општина Делчево: 033/411-550
Пункт бр. 1: Паркинг–простор на раскрсницата помеѓу улиците „Питу Гули“ и „Македонска“ во населба Милково Брдо.
Пункт бр. 2: Паркинг–простор на улица „Пере Тошев“ во населба Милково Брдо.
Пункт бр. 3: Паркинг–простор на улица „Вера Јоциќ“, над гимназијата СОУ „М.М. Брицо“.
Пункт бр. 4: Раскрсница на улиците „Мито Хаџивасилев–Јасмин“ и „Видое Смилевски–Бато“, во населба Стар Расадник, во непосредна близина на новата детска градинка.
Пункт бр. 5: Раскрсница на улиците „Острец“ и „Илинденска“ (пред продавница „Шака Лака“) во населба Маџир Маало.
Пункт бр. 6: Раскрсница на улиците „Јане Сандански“ и „Солунска“ во населба Први Реон.
Пункт бр. 7:Раскрсница на улиците „Солунска“ и „Брегалничка“, кај Џамијата во населба Втори Реон.
Достава на техничка вода
Контакт телефон – Дежурна линија на ТППЕ Делчево: 193
Пункт бр. 1– 12:00 часот секој ден: Раскрсница на улиците „Голачка“ и „Иво Лола Рибар“, кај маалската продавничка на Извор Комит во населба Први Реон.
Пункт бр. 2– 13:30 часот секој ден: Раскрсница на улиците „Солунска“ и „Брегалничка“, кај Џамијата во населба Втори Реон.
Пункт бр. 3– 15:30 часот секој ден: Раскрсница на улиците „Острец“ и „Илинденска“ (пред продавница „Шака Лака“) во населба Маџир Маало.
Пункт бр. 4– 17:30 часот секој ден: Улица „Видое Смилевски Бато“, каде се реализира „Расадничка вечер“.
Пункт бр. 5– 19:30 часот секој ден: Детско игралиште на улица „Вељко Влаховиќ“.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево