Во Делчево привршуваат подготовкитеза чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици,еден од најубавите христијански празниции празник кој го носи значењето на светата тајна на крштевањето, како еден од столбовите на христијанството.
Традицијата поврзана со овој ден е длабоко вткаена во нашата вера и идентитет и по тој повод, почитувајќи ја традицијата, Општина Делчево на 19 јануари, в понеделник, организира низа настани кои ќе се етаблираат како традиционални и ќе бидат дел од туристичката понуда на Делчево.
Традиционалното празнувањетоќе започнево градската црква„Успение на пресвета Богородица”со света литургија вочест напразникоткоја ќе започне во 8.00ч., а со која ќе чиноначалствува Неговото преосвештенство епископот делчевско-каменички, г-ин Марко.
На осветувањето на водите на река Брегалница во централното градско подрачје му претходи свечена литија, по што на мостот кај река Брегалница во 11.00ч, ќесе одржи церемонијата за осветување на водите на река Брегалница, а годинава 40-момчиња се пријавиле за да скокнат во водите на река Брегалница по светиот крст. Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, на среќниот пронаоѓач на крстот во водите на река Брегалница ќе му додели ваучер во износ од 10. 000 денари, a во градскиот парк ќе биде организиран музички хепенинг.
По повод празникот, градоначалникот Гоцевски ќе организира средба со поканети гости во неговиот кабинет на кој ќе се дискутира за потенцијалите за развој на Делчево.
Манифестацијата е во организација на Општина Делчево и општествено одговорни компании ЗЕГИН и ММЦ Прогрес.
8.30 – Света литургија во градската црква „Успение на пресвета Богородица“;
–11.00 – Осветување на водите на река Брегалница (Мост на река Брегалница во централното градско подрачје);
–11.30 – Мал музички хепенинг;
–12.15 – Прием во кабинет на Градоначалник на општина Делчево – Иван Гоцевски;
– Обраќање на градоначалникот пред присутните гости;
– Дискусија во врска со потенцијалите за развој на Делчево;
–13.30 – Изјави за медиумите;
–14.00 – Неформална средба;
Втор дел од дискусија
(Ресторан Царевоселски)
–Доделување промотивен материјал за Општина Делчево
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево