Градоначалник на општина Шуто Оризари- Šerutno ki kоmuna Šuto Orizari-Kryetari I komunës Shuto OrizariРепублика Северна Македонија- Republika Utarali Makedonija-Republika e Maqedonisë së Veriut
Бр- No-Nr. _____________________________2026 год- berš-vitiСКОПЈЕ- SKOPJE-SHKUP
Врз основа на член 50 став (1) точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), член 15, член 36, член 61 и член 84 од Статутот на Општина Шуто Оризари, Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година, Програмата за социјална заштита на Општина Шуто Оризари за 2026 година, Јавниот повик за доделување финансиски средства за спроведување програми, проекти и активности од областа на социјалната заштита за 2026 година, Решението за утврдување на критериуми и методологија за оценување на пријавите бр. 09-278/2 од 05.06.2026 година и Извештајот на Комисијата за спроведената постапка, Градоначалникот на Општина Шуто Оризари донесува
Со оваа Одлука се врши избор на корисници на финансиски средства од Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година по Јавниот повик за доделување финансиски средства за спроведување програми, проекти и активности од областа на социјалната заштита.
За корисници на финансиски средства се избираат:
Средствата од член 2 на оваа Одлука ќе се користат исклучиво за намените и активностите предвидени во одобрените проектни пријави и во согласност со условите утврдени во Јавниот повик.
Меѓусебните права и обврски помеѓу Општина Шуто Оризари и избраните корисници ќе се уредат со посебни договори.
Секторот за финансиски прашања и другите надлежни служби на Општина Шуто Оризари се задолжуваат за спроведување на оваа Одлука.
Оваа Одлука ќе се објави на веб-страницата и на огласната табла на Општина Шуто Оризари.
Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.
Градоначалникот на Општина Шуто Оризари објави Јавен повик за доделување финансиски средства за спроведување програми, проекти и активности од областа на социјалната заштита за 2026 година.
За спроведување на постапката беше формирана Комисија која изврши административна проверка, стручно оценување, бодирање и рангирање на поднесените проектни пријави. Комисијата постапуваше согласно критериумите и методологијата утврдени со Решение бр. 09-278/2 од 05.06.2026 година.
По спроведеното оценување беше утврдена следната конечна ранг-листа:
Комисијата констатираше дека двете проектни пријави ги исполнуваат условите од Јавниот повик, се усогласени со приоритетите на Општината во областа на социјалната заштита и заслужуваат финансиска поддршка.
Имајќи ги предвид резултатите од спроведената постапка, предлогот на Комисијата и обезбедените средства во Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година во вкупен износ од 700.000,00 денари, одлучено е на секој од избраните корисници да му се доделат финансиски средства во износ од 350.000,00 денари. Поради наведеното, Градоначалникот одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
ПРАВНА ПОУКА:Против оваа Одлука не е дозволена жалба. Незадоволните учесници во постапката можат да поведат управен спор пред Управниот суд на Република Северна Македонија во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот, односно објавувањето на Одлуката.
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИКурто Дудуш
Преземете го официјалниот документ
Извор: Општина Шуто оризари