Советот на Општина Гевгелија, на својата 7. седница, расправаше и одлучуваше по повеќе точки од областа на финансиите, образованието, урбанизмот, културата, социјалната заштита и меѓуопштинската соработка. Во рамки на финансиското работење, Советот ги усвои Извештајот за работењето на Општината за 2025 година, Кварталниот извештај за извршување на Буџетот (кумулативно за периодот 01.01.2025 – 31.12.2025 година) и Завршната сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година. Покрај општинската завршна сметка, беа усвоени и Завршните сметки за 2025 година на образовните институции: СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, ООУ „Климент Охридски“- Миравци и ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, како и на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија.
Советот ги разгледа и усвои Завршните сметки, Извештаите за работа во 2025 година и Годишните програми за работа во 2026 година на јавните установи од областа на културата и образованието: ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија и ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз-Тито“- Гевгелија. Во делот на образованието беше усвоен Извештајот за реализација на Програмата за активности во областа на образованието за 2025 година, а беше разгледан и Предлог-планот за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година, како и Информацијата за средното стручно образование во општината за учебната 2025/2026 година. Членовите на Советот го го усвоија Извештајот за работата на Локалниот младински совет, Општина Гевгелија и именуваниот службеник за млади за 2025 година, а ја донесе и Програмата за работа за 2026 година.
Од областа на урбанизмот, беа усвоени Извештаите за реализација на Програмите за уредување на градежното земјиште и за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици за 2025 година. Советот донесе одлуки поврзани со урбанистички проекти и инфраструктура, вклучително и прифаќање иницијативи за изработка на урбанистички проект вон населено место и урбанистички проект за инфраструктура со намена водови за пренос на електрична енергија на подрачјето на Општина Гевгелија.
На 7. седница, беше донесена одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општините од Повардарскиот регион.Советот ги усвои Извештаите за реализација на Програмите во областа на социјалната заштита и еднаквите можности на жените и мажите за 2025 година. Беше разгледан и усвоен Извештајот за реализација на Програмата за финансиска поддршка на НВО секторот во 2025 година, а бешедонесена и Програмата за финансиска поддршка за 2026 година.На седницата беше донесена Одлука за прогласување на црквата „Св. Атанасиј“ во село Габрово за значајно културно наследство.
Советниците диксутираа и по повеќе Информации- за состојбата со здравствената заштита на населението и здравствениот кадар во јавните здравствени установи на подрачјето на општината, и за преземените активности по штетите предизвикани од силниот налет на ветер, при што беа оштетени кровните конструкции на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и ЈОУДГ „Цветови“- Гевгелија. Надлежните служби извршија увид на терен и пристапија кон интервенции со цел обезбедување на објектите и непречено одвивање на наставно-воспитниот процес. Паралелно се спроведуваат постапки за целосна санација на настанатите оштетувања. На седницата беа донесени Решенија за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија.
Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,1480 Гевгелијa
Телефон ++38934 213 843www.gevgelija.gov.mke-mail: gevgelijao@t-home.mk
© 2023ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА- Сите права се задржани.
Ни треба вашата согласност пред да продолжите на нашата веб-локација.На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашатаполитика за приватност.You can revoke or adjust your selection at any time underSettings.
Прифатете само основни колачиња.
Индивидуални поставки за приватност
Детали за колачињаПолитика за приватност
На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашатаполитика за приватност.Овде ќе најдете преглед на сите употребени колачиња. Можете да дадете согласност за цели категории или да прикажете дополнителни информации и да изберете одредени колачиња.
Прифати ги ситеЗачувајПрифати само неопходни колачиња
Основните колачиња овозможуваат основни функции и се неопходни за правилно функционирање на веб-локацијата.
Прикажи информации за колачињаСокриј информации за колачиња
Содржините од видео платформите и платформите за социјални медиуми се стандардно блокирани. Доколку се прифатат колачињата за надворешни медиуми, пристапот до тие содржини повеќе не бара рачна согласност.
Прикажи информации за колачињаСокриј информации за колачиња
powered by Borlabs Cookie
Политика за приватност
Извор: Општина Гевгелија