Со огромен интерес и посетеност, денеска во Гевгелија се одржа првиот голем Саем за вработување на „МЕГА Шопинг Парк“. Настанот го означи почетокот на формирањето на тимот за најголемиот шопинг парк на целиот потег од Србија до Солун, инвестиција која се простира на површина од над 20.000 m². Станува збор за дестинација изградена според највисоки европски стандарди, која се очекува целосно да го мапира регионот како нова незаобиколна трговска точка.
На официјалното отворање на саемот, присуствуваа градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и генералниот директор на МЕГА Шопинг Парк, Сотирис Гианакуикис. Во своеото обраќање директорот Гиaнакуикис упати голема благодарност до градоначалникот Андон Сарамандов и Општина Гевгелија за нивната континуирана поддршка и соработка при реализацијата на овој амбициозен проект.
Притоа, Гианакуикис ги потенцираше стратешките цели на инвестицијата:
– МЕГА Шопинг Парк Гевгелија е првиот, но и најзначајниот чекор во светот на трговијата, бидејќи ова ќе биде најголемиот шопинг парк на целиот потег од Србија до Солун. Со неговото отворање создаваме над 500 нови работни места, со цел таа бројка да надмине 800 до крајот на втората фаза. Ова е значаен придонес за локалната економија и силен поттик за пазарот на труд.
На саемот беа презентирани работните позиции на повеќе од 50 реномирани меѓународни и домашни брендови. Шопинг паркот ќе понуди широк избор на брендови од различни категории, како што се мода, обувки, спорт, убавина и здравје, угостителство и супермаркет.
Огромниот интерес на граѓаните и големиот број поднесени апликации се јасна потврда за економското влијание на МЕГА Шопинг Парк врз целиот југоисточен регион. Големото свечено отворање на МЕГА Шопинг Парк за сите посетители е закажано за мај оваа година.
Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,1480 Гевгелијa
Телефон ++38934 213 843www.gevgelija.gov.mke-mail: gevgelijao@t-home.mk
© 2023ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА- Сите права се задржани.
Ни треба вашата согласност пред да продолжите на нашата веб-локација.На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашатаполитика за приватност.You can revoke or adjust your selection at any time underSettings.
Прифатете само основни колачиња.
Индивидуални поставки за приватност
Детали за колачињаПолитика за приватност
На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашатаполитика за приватност.Овде ќе најдете преглед на сите употребени колачиња. Можете да дадете согласност за цели категории или да прикажете дополнителни информации и да изберете одредени колачиња.
Прифати ги ситеЗачувајПрифати само неопходни колачиња
Основните колачиња овозможуваат основни функции и се неопходни за правилно функционирање на веб-локацијата.
Прикажи информации за колачињаСокриј информации за колачиња
Содржините од видео платформите и платформите за социјални медиуми се стандардно блокирани. Доколку се прифатат колачињата за надворешни медиуми, пристапот до тие содржини повеќе не бара рачна согласност.
Прикажи информации за колачињаСокриј информации за колачиња
powered by Borlabs Cookie
Политика за приватност
Извор: Општина Гевгелија