20/04/2026|Вести|Општина Јегуновце
Општина Јегуновце успешно реализираше изградба на два нови детски забавни паркови во населените места Раотинце и Туденце.
Со реализацијата на овој проект значително се унапредуваат условите за спорт и рекреација на младите и на сите жители, овозможувајќи им безбедно и квалитетно користење на јавниот простор.
Оваа инвестиција претставува дел од континуираните напори на Општина Јегуновце за модернизација и создавање подобри услови за живот во локалната заедница.
Општината останува посветена на реализација на зацртаните цели и проекти, со фокус на подобрување на квалитетот на живеење во сите сфери, особено во делот на унапредување на условите за спорт и рекреација на децата и сите граѓани.
Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk
Извор: Општина Јегуновце