Општина Зрновци ги известува граѓаните дека во САБОТА (11.07.2026 година) во раните утрински часови, со почеток во 04.30 часот ќе се спроведе адултициден третман против комарци ( АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ) на територијата на општина Зрновци. Се замолуваат граѓаните во наведениот период да избегнуваат непотребен престој на отворено, а сопствениците на пчелни семејства навремено да преземат потребните мерки за нивна заштита. Доколку временските услови ( дожд или силен ветер) не дозволат спроведување на третманот, истиот ќе биде одложен за првиот нареден ден со поволни временски услови.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.
Со почит,
Извор: Општина Зрновци