Делчево (Новости): Нова манифестација во Делчево: Денови на пијанечката пчела

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Нова манифестација во Делчево: Денови на пијанечката пчела

Пчеларите од Делчево најавија востановувањенова манифестацијапод наслов„Денови на пијанечкиот мед“ којаима за цел афирмација и промоција на пијанечкиот мед како здрав и квалитетен еколошки производ. Ова го најавија делчевските пчелари од Здружението „Пијанечка пчела два“ на настан организиран по повод одбележување на празникот на пчеларите и нивниот заштитник,  свети Харалампие.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски кој даде поддршка на работата на Здружението и истакна дека востановувањето на новата манифестацијае во насока на зачувување на пчеларската традиција и на подигањето на свеста за значењето на пчеларството во руралниот развој нашето Делчево и регионот.

–Манифестацијата „Денови на пијанечкиот мед“ треба да ја промовира вашата работа и нашиот мед создаден од пијанечките ливади и борови шуми во чиста еколошка средина. Несомнено е дека пијанечкиот мед е чист, природен и квалитетен производ, создаден со многу љубов и труд во пчеларниците на нашите вредни пчелари и заслужува да излезе од локални рамки и да биде препознат како наш своевиден бренд кој гарантира квалитет. Јас, како градоначалник, ќе вложам максимални напори оваа манифестација да прерасне во традиција, истакна Гоцевски.

Гоцевски нагласи дека Општина Делчево ќе продолжи да ги поддржува пчеларите преку мерки и активности што ќе овозможат подобри услови за работа, едукација и пласман на домашните производи. Верувам дека вложувањето во пчеларството е вложување во здрава и сигурна иднина.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево