Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска им додели признанија на најдобрите ученици на генерацијата од основните училишта во Општина Аеродром за учебната 2025/2026 година. Покрај признанијата, секој од нив добива и еднократна парична награда во износ од 10.000 денари, како симбол на почит и благодарност за нивниот труд, знаење и посветеност.
Со особена гордост им честитаме на:
Павел Ангелов – ООУ „Александар Македонски“
Стефани Накова – ООУ „Димитар Македонски“
Исидора Илијоска – ООУ „Блаже Конески“
Илина Трпеска – ООУ „Гоце Делчев“
Димитар Стојановски – ООУ „Гоце Делчев“
Ива Минова – ООУ „Љубен Лапе“
Ана Станчева – ООУ „Лазо Ангеловски“
Јаков Грујовски – ООУ „Браќа Миладиновци“
Ангела Давитковска – ООУ „Ѓорѓија Пулевски“
Благодарност до наставниците, директорите, стручните служби и семејствата, кои секојдневно ги охрабруваат и поддржуваат младите на патот кон успехот.
Општина Аеродром ќе продолжи да ги поддржува и наградува младите таленти, затоа што тие се нашата најголема вредност и најсигурна инвестиција во иднината.
17.7.2026 година
Општина Аеродром
Извор: Општина Аеродром