Со свечена програма, Берово го одбележа најголемиот христијански празник – Велигден, на градскиот плоштад, во присуство на голем број граѓани и гости.
Во рамките на настанот, посетителите имаа можност да уживаат во настапите на Оркестарот „Беровски тамбураши“ и Културно-уметничкото друштво „Димитар Беровски“, кои со своите изведби придонесоа за прекрасна празнична атмосфера, исполнета со музика, игра и традиција.
Присутните ги поздрави и Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, кој упати празнична честитка и пораки за заедништво, солидарност и негување на традиционалните вредности.
Како дел од програмата беа реализирани и натпреварите за избор на најцврсто јајце – качор, за најубаво украсено велигденско јајце, како и натпреварот за најубав цртеж на тема „Велигден – празник на радост, љубов и заедништво“, во кои учество земаа голем број ученици.
По завршувањето на натпреварите, беа прогласени најуспешните учесници и доделени парични награди:
Најцврсто јајце – качор: ФИЛИП МАРКОВСКИ
Второ место: МИЛЕ АРМЕНСКИ
Прво место: ХАДИСА ДЕМИРОВСКА
Второ место: ЕФИМИЈА РЕМЕНСКА
Трето место: ЕВА БАРАКОВСКА
Најубаво украсено јајце:
Прво место: ТЕОДОРА ПЕЛТЕКОВСКА
Второ место: КОНСТАНТИНА ПЕОВСКА
Трето место: ЈОСИФ КАВГАЏИСКИ
Настанот беше збогатен и со хуманитарна акција, организирана од Црвениот крст – Берово, со цел поддршка на Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост.
Им благодариме на сите учесници, организатори и посетители кои придонесоа овој настан да помине во духот на заедништво, традиција и празнична радост.
Општина Берово ќе продолжи да организира вакви настани и да ја негува културата и традицијата, создавајќи содржини кои ги обединуваат граѓаните и привлекуваат посетители.
Добредојдовте на официјалната интернет страница наОпштина Берово.
Адреса:Ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:00 до 10:30 часот)
Телефон / Факс:+389 33/471-057
Е-пошта[email protected]
Извор: Општина Берово