Струмица (Вести): Одбележани 111 години од смртта на Јане Сандански во СОУ „Јане Сандански“

објавено во Општински вести | 0
Струмица (Вести): Одбележани 111 години од смртта на Јане Сандански во СОУ „Јане Сандански“

Денес се навршуваат 111 години од смртта наЈане Сандански– Пиринскиот цар, еден од најзначајните поборници за македонската државност и заштитник на македонската национална самобитност.

По тој повод, учениците и вработените во СОУ „Јане Сандански“ со пригодна програма пред неговата биста во училишниот двор го одбележаа патрониот празник.

Како голем почитувач на историјата и делото на македонските револуционери, меѓу кои и Јане Сандански, како и поддржувач на воспитно-образовниот процес, на одбележувањето присуствуваше и градоначалникотПетар Јанков, кој положи свежо цвеќе.

Честитајќи им го празникот, тој му посака на раководството на училиштето да продолжи успешно да ги воспитува и образува младите генерации во духот на знаењето, почитта и вредностите што ги симболизира името на Јане Сандански.


Извор: Општина Струмица