Сопиште (Проекти): Демографија

објавено во Општински вести | 0
Сопиште (Проекти): Демографија

Според податоците од пописот на населението, домаќинствата и становите во Р.Македонија 2002 година Општина Сопиште има 5656 жители, (1510 домаќинства, 3398 станови) , кој живеат во 13 населени места од збиен тип, со отсуство на класичен урбан центар.

Во општината постојат следните населени места:

Во минатото поради депопулационата политика кон селата имало големо движење од селата кон градот. Денес евидентно е враќањето на населението во селата делумно предизвикано од ослабената економска состојба, но и од наметнатиот нов тренд на живеење значајна е и миграцијата град село кое население останува како постојано жителство во рамките на нашата општина со што се создаваат населби од урбан карактер.

Бројот на населението во општина Сопиште е релативно стабилен, со тенденција на бавен природен прираст. за разлика од високиот природен прираст од минатото, кој што денес е во процес на опаѓање и стационарно експанзивната старосна структура се должи на две карактеристики на популацијата на општината.

– висок природен прираст во четири населби од муслиманска вероисповест.– демогравската стабилност на популацијата во некои од населбите во приградската зона на Скопје каде степенот на регресија на населението е правопропорционално со одалеченоста од Скопската агломерација и отсуството на функционално-атрактивни фактори.

* Вкупно население според национална припадност во Општина Сопиште:


Извор: Општина Сопиште