Кривогаштани: Доставени нови контејнери за ЈКП „Пелагонија“ – Кривогаштани

објавено во Општински вести | 0
Кривогаштани: Доставени нови контејнери за ЈКП „Пелагонија“ – Кривогаштани

Во рамките на проектот за одржливо управување со отпад, покрај веќе обезбедените канти за комунален отпад, денес беа доставени и нови контејнери до Јавното комунално претпријатие „Пелагонија“ – Кривогаштани.

Со оваа испорака се унапредуваат капацитетите за собирање и управување со комуналниот отпад, со цел подобрување на комуналните услуги и заштита на животната средина во Општина Кривогаштани.

Во периодот што следува, на домаќинствата на територијата на општината ќе им бидат поделени и канти за отпад, како дел од мерките за унапредување на примарната селекција и правилно управување со отпадот.

Општината и ЈКП „Пелагонија“ продолжуваат со активности насочени кон воспоставување поефикасен и одржлив систем за управување со отпадот.


Извор: Општина Кривогаштани