Денес присуствував на почетокот на проектот „Подобрување на самоорганизацијата на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување“, кој се реализира со поддршка на Европската Унија во рамките на програмата IPA 2021, со вкупен буџет од 570.000 евра.
Општина Новаци е една од осумте општини каде ќе започне да се се гради систем за наводнување, кој ќе опфати 320 хектари земјоделско земјиште во атарите на Новаци и Добромири.
Целта на проектот е зајакнување на капацитетите на групите земјоделци и земјоделските здруженија за одржливо користење и ефикасно управување со малите системи за наводнување.
Упатувам благодарност до Министерството за земјоделие и Делегацијата на Европската Унија за нивната континуирана поддршка во реформите и модернизацијата на земјоделскиот сектор, особено во областите од витално значење како управувањето со водните ресурси и системите за наводнување.
Продолжуваме посветено да работиме за создавање подобри услови за македонските земјоделци.
Извор: Општина Новаци