Делчево (Новости): Акција на Урбаната заедница Ново Делчево за чистење на населбата

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Акција на Урбаната заедница Ново Делчево за чистење на населбата

Урбаната заедница Ново Делчево го прифати повикот на градоначалникот Гоцевски за активни месни и урбани заедници и самоиницијативно и со сопствени сили и средства се вклучи во акцијата за почисто и поубаво Делчево. Жители од оваа урбана заедница, се организираа и ги уредуваа јавните површини, посебно критичните точки од населбата кои оставаа грда слика. Се чистеа површините од отпад, се косеше тревата, се уредуваа тротоарите, со што населбата доби урбан уреден лик.

Претседателката на УЗ Ново Делчево, Слободанка Димитровска истакна дека ова е само почеток и дека УЗ на оваа населба ќе организира редовни акции, бидејќи населбата која е една од најубавите во градот, заслужува внимание од жителите и треба сите да придонесат за населбата да е уредена и чиста.

Инаку, со свои активности се вклучија сите месни и урбани заедници и кои самоиницијативно и со поддршка на Општина Делчево решаваа дел од утврдените приоритети во населбата. Посебно внимание привлекоа активностите на месните заедници во с. Габрово, с. Град, с. Вирче, с. Стамер, с. Драмче, с. Тработивиште, с. Разловци и урбаните заедници Стар Расадник и Први Реон.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево