Радовиш (Вести): Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на чл

објавено во Општински вести | 0
Радовиш (Вести): Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на чл

Врз основа на член 36 став (1) точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.202/24), член 26 и 26-а од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25), како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024), согласно Одлука за распишување на Јавен Повик бр. 08-398/1 од 27.02.2026 година,

Советот на Општина Радовиш објавува:

за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Надзорен одбор за контрола на матријално-финансиско работење наЈПССО „РАДОВИШ 2014“ РАДОВИШ

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на (3) члена во Надзорен одбор за контрола на матријално-финансиско работење на ЈПССО „РАДОВИШ 2014“ РАДОВИШ, со седиште во Општина Радовиш.

Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024).

Право на учество имаат сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување на кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик. Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Радовишhttps://www.radovis.gov.mk.

УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

За член на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈПССО „РАДОВИШ 2014“ РАДОВИШ, може да биде лице кое ги исполнува следниве услови:

Членовите на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈПССО „РАДОВИШ 2014“ РАДОВИШ,, треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:

– еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку пет години работно искуство,

– еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и

– еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.

Времетраењето на мандатот на членовите на Надзорен одбор за контрола на материјалнофинансиското работење на ЈП „ПЛАВАЈА“ РАДОВИШ, изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на надзорниот одбор на ЈПССО „РАДОВИШ 2014“ РАДОВИШ, се:

ПОСТАПКА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ЧЛЕНОВИТЕ

Постапката за селекција на членовите на надзорниот одбор на ЈПССО „РАДОВИШ 2014“ РАДОВИШ,  се состои од две фази и тоа:

Точниот датум, време и место на оддржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Радовиш:https://www.radovis.gov.mk.

РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Јавниот повик се објавува на ден 02.03.2026 година и трае 5 (пет) дена, односно најдоцна до 06.03.2026 година.

Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма во оригинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување (која е во прилог кон повикот) да ја достават до:

Архивата на Општина Радовиш

(со назнака: За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Надзорен одбор за контрола на матријално-финансиско работење наЈПССО „РАДОВИШ 2014“ РАДОВИШ).

Незадоволните кандидати од изборот за членoви во надзорниот одбор на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.

Напомена:Пријавите без комплетно приложена документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

Број 08-398/3                                                                            Совет на општина Радовиш

Дата 27.02.2026 година                                                                            Претседател

Радовиш                                                                                           Гоце Дединец


Извор: Општина Радовиш