Во изминатите четири дена во библиотеката „Гоце Делчев“ се реализираше проектот „Лето во библиотека“, во рамки на манифестацијата „Велешко лето 2026“. Преку креативни и интерактивни работилници, најмладите имаа можност да го откријат патот на книгата, од првата идеја на авторот, преку пишувањето, издавањето и илустрирањето, до нејзиното место на библиотечните полици.Децата што учествуваа на овие работилници создаваа свои приказни, оригинални наслови, корици и илустрации, се запознаваа со нови литературни ликови и преку поезијата и расказите учеа како преку зборовите и добрите дела можат меѓусебно да се инспирираат и да откриваат нови вештини.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.
Извор: Општина Велес