На 22 јуни 2026 година, Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 12. седница. Седницата ќе започне во 10:30 часот, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија. За работа на седницата е предложен следниот дневен ред:
1. Предлог-Одлука за обезбедување средства за пред-финансирање на проекти имплементирани од Центарот за за развој на Југоисточниот плански регион,
2. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување Урбанистичко-планска документација за с. Ума (КП бр. 1206, КО Ума),
3.Информација за состојбата со постапувањето по барањата за утврдување статус на бесправно-изградени објекти во општина Гевгелија,
4. Информација за состојбата со јавното осветлување во населените места во општина Гевгелија,
5. Информација за состојбата со општинскиот линиски превоз на патници во општина Гевгелија,
6. Информација за состојбата со авто-такси превозот на патници во општина Гевгелија,
7. Информација за состојбата со занаетчиската дејност во општина Гевгелија.
Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,1480 Гевгелијa
Телефон ++38934 213 843www.gevgelija.gov.mke-mail: gevgelijao@t-home.mk
© 2026ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА- Сите права се задржани.
Извор: Општина Гевгелија