Аеродром: НОВО ЛИЦЕ ЗА УЛИЦА „ЛИСЕЦ“ – КРАК ДЕСНО ВО ГОРНО ЛИСИЧЕ

објавено во Општински вести | 0
Аеродром: НОВО ЛИЦЕ ЗА УЛИЦА „ЛИСЕЦ“ – КРАК ДЕСНО ВО ГОРНО ЛИСИЧЕ

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на улица „Лисец“ (крак десно) во Горно Лисиче – значаен инфраструктурен проект со кој, после долг период, оваа важна сообраќајница добива нов, современ и функционален изглед.
Со реконструкцијата директно се подобруваат безбедноста, инфраструктурата и условите за секојдневно функционирање на жителите. Во рамките на проектот се поставува нов асфалт, се градат нови тротоари, а целиот потег добива уреден и модерен лик.
Со проектот се реализира:
Целосна реконструкција на улицата во должина од 520 метри
Поставување нов тампонски слој и нов асфалт
Над 3.300 м² нова асфалтна површина
Изградба на нови тротоари со површина од 1.400 м²
Паралелно и согласно со предвидената динамика, се реализираат и активностите на улица „Лисец“ (крак лево), со што целиот овој дел од Горно Лисиче добива уреден, безбеден и современ изглед.
Вредноста на проектот изнесува околу 16,5 милиони денари и се реализира со поддршка од Владата.
Општина Аеродром продолжува посветено и одговорно да инвестира во инфраструктурата и во подобрување на условите за живот во секој дел од општината, со цел создавање современа, функционална и уредена локална средина за сите граѓани.
2.6.2026
Општина Аеродром


Извор: Општина Аеродром