Велес: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВТОРИОТ ДЕЛ НА УЛИЦА „БЕЛГРАДСКА“

објавено во Општински вести | 0
Велес: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВТОРИОТ ДЕЛ НА УЛИЦА „БЕЛГРАДСКА“

Продолжуваат градежните работи на вториот дел од улица „Белградска“. Моментално е активна градежната механизација со која се вршат последните земјени зафати по што ќе следи поставување на рабници и асфалтирање.

Во изминатиот период на овој дел од улицата беше извршена промена на водоводната мрежа и изграден еден потпорен ѕид, а поставен е и фундамент за вториот ѕид кој ќе биде изведен со префабрикувани бетонски елементи.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес