Целосно е реконструиран и оспособен за користење објектот во село Бач, каде во минатото била сместена Општина Бач. Објектот со години беше руиниран и оставен на забот на времето, но денес повторно добива нов живот и ќе биде ставен во функција на мештаните.
Овој простор ќе служи за одржување на состаноци, дружби, собири и други потреби на жителите од селото.
Особено значење за животот во руралните средини имаат ваквите заеднички катчиња, каде луѓето ќе можат да се собираат, комуницираат и да го негуваат заедништвото.
Општина Новаци продолжува посветено да инвестира и да создава подобри услови за живот за сите свои жители, како во населените места, така и во руралните средини.
#ОпштинаНоваци
#Бач
#Реконструкција
#ЗаПодобарЖивот
#РуралeнРазвој
Извор: Општина Новаци