Неготино (Вести): Известување за состанок во врска со социо-економските прашања за пристап кон земјиште според Политиките на ЕБОР за развој на проектот Интерконективен гасовод Македонија-Грција26/01/2026|Соопштенија|adminСостанокот се организира со цел реализацијата на проектот…Read More→Известување за состанок во врска со социо-економските прашања за пристап кон земјиште според Политиките на ЕБОР за развој на проектот Интерконективен гасовод Македонија-Грција

објавено во Општински вести | 0
Неготино (Вести): Известување за состанок во врска со социо-економските прашања за пристап кон земјиште според Политиките на ЕБОР за развој на проектот Интерконективен гасовод Македонија-Грција26/01/2026|Соопштенија|adminСостанокот се организира со цел реализацијата на проектот...Read More→Известување за состанок во врска со социо-економските прашања за пристап кон земјиште според Политиките на ЕБОР за развој на проектот Интерконективен гасовод Македонија-Грција

26/01/2026|Соопштенија|admin

Состанокот се организира со цел реализацијата на проектот да не предизвика негативни социо-економски влијанија.

Имајќи го во предвид активното спроведување на проектот, како и неговата важност како на национално, така и на регионално ниво, потребно е активно учество на сите засегнати страни. На состанокот ќе учествуваат претставници од  НОМАГАС АД Скопје како и консултанти и претставници од животна средина и социјални работи.

Присуствуво ќе земат претставници од Општината, особено од одделение за урбанизам, одделение за економски развој како и животна средина. Се покануваат претставници на локалното население, преставници од подрачните одделенија на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, како и Невладини организации, Здружениja на жени, и разни други здруженија и асоцијации за кои предложениот состанок е од важност и интерес за развојот на проектот, а со цел реализацијата на проектот да не предизвика негативни социо-економски влијанија.

Состанокот  ќе се одржи на ден 29.01.2026год. (Четврток) во 12 часот во просториите на Општина Неготино (општинска сала) Неготино.


Извор: Општина Неготино