Делчево (Новости): Донација од ФФМ за градскиот стадион во Делчево

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Донација од ФФМ за градскиот стадион во Делчево

Градскиот стадион ќе добие нов поуреден и пофункционален изглед благодарение на донацијата од 1.180 столчиња од Фудбалската федерација на Македонија.

Оваа донација е дел од пошироката иницијатива на ФФМ за подобрување на условите на фудбалските стадиони низ државата, со цел да се унапреди спортската инфраструктура и да се обезбедат подобри услови за фудбалерите, навивачите, но и за организирањето спортски натпревари.

Донацијата ја прими градоначалникот Гоцевски кој истакна дека со овој чин сепродолжува со унапредување на спортската инфраструктураво Делчево.

–Со оваа донација значително ќе се подобрат условите на Градскиот стадион „Гоце Делчев“, што претставува важен чекор кон создавање поквалитетна спортска средина за спортистите, клубовите и сите љубители на спортот во општината. Ова е уште еден доказ дека кога има соработка и разбирање, резултатите се видливи. Продолжуваме да инвестираме во спортот и младите, бидејќи тие се иднината на Делчево“, истакна Гоцевски.

Тој упати искрена благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до нејзиниот претседател Масар Омерагиќ, за поддршката и препознавањето на потребите на општината.

Гоцевскинајавидека инвестициите во спортската инфраструктура ќе продолжат и во наредниот период, со цел создавање подобри услови за развој на спортот и активен живот на младите во Делчево.

Монтажата на столчињата ќе се реализира наредниот период со што значително ќе се подобрат условите на трибините на градскиот стадион. Оваа инвестиција претставува уште еден чекор кон создавање современ и функционален спортски објект, достоен за фудбалските клубови, младите спортисти и бројните љубители на спортските навивачи на ФК „Брегалница“ Делчево и спортските фанови.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево