Делчево (Новости): Промовирана поштенската марка со мотиви од Разловечкото востание

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Промовирана поштенската марка со мотиви од Разловечкото востание

По повод големиот јубилеј 150 години од Разловечкото востание, денеска со пригодна свеченост беше промовирана новата поштенска марка со мотиви од Разловечкото востание со што се оддава посебна почит кон ликот и делото на разловечките востаници и, воопшто, кон значењето на Востанието.

Поштенската марка е со номиналната вредност од 48 денари, испечатена е во 6.000 примероци, а дизајнер на марката е Лариса Донев од Бирото за филателија на Македонски пошти. Како што истакнаБојан Кeреместевски-директор на Секторот за поштенски операции приАДПошти на Македонија, со печатењето на поштенската марка, Македонска пошта им оддава почит и признание на учесниците на Востанието.

– Поштенските марки претставуваат вечен паметник и го одржуваат во живот сеќавањето на македонските револуционери. Ова е уште една поштенска марка која ќе ги збогати филателистичките албуми, истакна Керемествески.

На промоцијата беа доделени и промотивни изданија од поштенската марка, а градоначалникот Гоцевски кој ја прими првата поштенска марка изрази благодарност до Македонска пошта .

-Дозволете ми да изразам голема благодараност до Македонска пошта за овој потег кој достоинствено ја отсликува нашата, почит, почитта од македонскиот народ кон ликот и делото на разловечките востаници и значењето на првото вооружено востание, Разловечкото востание. Оваа поштенска марка ќе остане во аналите и ќе сведочи низ времето промовирајќи го Разловечкото востание и пораката дека „Македонецот не бара милост, туку слобода. Нашата борба е за нашата чест!!“-нагласи Гоцевски.

На свеченоста беа доделени и наградите по литературниот конкурс објавен од ЈЛБ „Илинден“ во рамките на одбележувањето на јубилејот.Диплома за најдобра творбадоби Максим Стефановскиод ООУ„Св.Климент Охридски“од9-3 одделение;Диплома за најдобра творба од ООУ„Ванчо Прке“ добива Михаела Стоименовска, ученичкаод7 одделение.Во категоријата возрасни, диплома за најдобра творба добива Влатко Ситновски.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево