Се одржа редовен месечен состанок посветен на следењето на градежните активности за реконструкција на главната улица во Пашино Рувци, при што беше реализирана и теренска посета на самата локација.
На состанокот присуствуваа претставници од Проектната единица при Министерството за транспорт, надзорниот орган „Ептиса“ и изведувачот на работите, ГД „Гранит“. Сите засегнати страни заеднички ја разгледаа досегашната динамика на изведба и тековните активности на терен.
Според информациите од терен, градежните работи се одвиваат согласно предвидениот план, без поголеми отстапувања. Во моментов, екипите се ангажирани на поставување бетонски рабници, што претставува значајна фаза во уредувањето на патната инфраструктура.
Проектот има за цел подобрување на патната поврзаност и зголемување на безбедноста во сообраќајот, што е од особено значење за жителите на овој регион.
И во наредниот период ќе продолжи интензивното темпо на работа, со цел проектот да биде реализиран во предвидениот рок и со очекуваниот квалитет.
Извор: Општина Кривогаштани