Почитувани сограѓани,
Општина Македонска Каменица доби можност да биде дел од проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, во чии рамки ќе организира Форуми на заедницата, како демократска алатка преку која ќе се слушнат мислењата, идеите и предлозите на граѓаните.
Од форумскиот процес очекуваме токму вие да предложите и да ги изберете проектите што сметате дека се најважни за нашата заедница. За нивна реализација е предвиден фонд од 15.000 американски долари (УСД). Средствата се обезбедени преку програмата „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, финансирана од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а кофинансирана и спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со национални и локални партнери.
Општина Македонска Каменица, како дел од оваа програма, ќе учествува со дополнително кофинансирање во износ од 15.000 американски долари (УСД).
Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на првата форумска сесија, која ќе се одржи восреда, 8 јули 2026 година, со почеток во09:30 часот, воСпортската сала зад СОУ „Миле Јаневски-Џингар“ во Македонска Каменица.
Вашите идеи, предлози и размислувања се од големо значење за идниот развој на нашата општина. Ве очекуваме заедно да креираме проекти што ќе придонесат за подобар живот на сите граѓани.
Дневен ред за прва форумска сесија од проектен форум воОпштина Македонска Каменица.
Општина Македонска КаменицаГрадоначалник Соња Стаменкова
Извор: Општина Македонска каменица