Општина Делчево ја информира јавноста дека од понеделник, 9 февруари на сила стапува нов Распоред за одржување на јавното осветлување во кој се јасно пропишани деновите и населбите каде ќе постапуваат екипи од Општина Делчево за навремена замена на старите нефункционални светилки со нови. Целта на оваа нова организација на работата е надминување на досегашните проблеми поврзани со неефикасната замена на дотраените светилки што предизвикуваше и оправдан револт кај граѓаните и навремено и поефикасно решавање на проблемите поврзани со јавното осветлување во Делчево. Се очекува да се подобри видливоста, но и квалитетот на живот на граѓаните, поголема сигурност на граѓанинот и подобрување на безбедноста во сообраќајот во населбите.
Воедно, ги информираме граѓаните дека доколку имаат проблеми со јавното осветлување на улицата каде што живеат, можат да поднесат соодветно барање до Општина Делчево за замена на светилките.
Распоред запостапување за одржување на уличното осветлување
Делчево, старо Собрание,
секој вторник прва недела во месецот
Први Реон, Втори Реон, СРЦ-секоја среда прва недела во месецот
Нов Истевник,Стар Истевник,Разловци,
Тработивиште –секој петок прва недела во месецот
Звегорска река,Звегор,Габрово –секој вторник втора недела од месецот
Трети Реон, Стар Расадник-секојa средавтора недела во месецот
Села:Град, Вирче, Стамер -секој петок втора недела во месецот
Делчево, старо Собрание, Пролет-
секој вторник трета недела во месецот
Први Реон, Втори Реон, СРЦ-секоја среда трета недела во месецот
Села: Чифлик, Басарица, Полето, Очипала, Студена Чешма
Секој петок трета недела во месецот
Звегорска Река, Звегор,Габрово –секој вторник четврта недела од месецот
Трети Реон, Стар Расадник-секојa средачетврта недела во месецот
Бигла, Илиово, Турија и Вратиславци
Секој петок четврта недела во месецот
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево