Општина Македонска Каменица ја известува јавноста дека, по склучувањето на Договорот за меѓуопштинска соработка со Општина Делчево за вршење инспекциски надзор од областа на животната средина, во наредниот период ќе започнат засилени инспекциски контроли на територијата на општината.
Контролите ќе бидат насочени кон:
Ги повикуваме сите граѓани, како и правните и физичките лица,во рок од 7 (седум) денаод објавувањето на ова известување доброволно да ги отстранат утврдените неправилности и да постапат согласно важечките законски и општински прописи.
По истекот на рокот, надлежниот инспектор ќе започне со инспекциски надзор и ќе презема мерки согласно законските овластувања, вклучително и изрекување опомени, донесување решенија, издавање прекршочни налози и поведување соодветни постапки.
Општина Македонска Каменица апелира до сите граѓани со одговорно однесување и почитување на комуналниот ред заеднички да придонесеме за почиста, поуредена, побезбедна и поздрава животна средина.
Извор: Општина Македонска каменица