Градоначалникот на Битола Тони Коњановски учествуваше на прославата на денот на основањето на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ( 25 април 1979 година).
За Битола кој е универзитетски град, соработката на општината со универзитетот е на повеќе нивоа, а неколку години со ред студенти од овој универзитет изведуваат летна пракса во Општина Битола и јавните претпријатија, оценува градоначалникот Коњановски.
Универзитетот четврта година по ред прославата ја прави и со традиционалниот настан „Отворен ден-УКЛО и пријателите, а оваа година под мото „Извонредност и кариера“.
Оваа година, Отворениот ден се одбележува со неколку клучни столбови: 15 години УКЛО Студентско радио, признание на светската извонредност, вештачката интелигенција во служба на младите, образование според моделот на „Четирикатна спирала“, крунисување на успехот и европски хоризонти.
ВОДАТА Е ЖИВОТ-ЗАЕДНО ЈА ЧУВАМЕ. КОЊАНОВСКИ И ГИНОВ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ШВАЈЦАРСКАТА АМБАСАДА
Нацрт листи на кандидати кои продолжуваат во втора фаза – интервју за управен и надзорен одбор во јавно претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг Битола
Извор: Општина Битола