Василево: Испочитувана христијанската вера и традиција- осветени водите во населените места во Василево

објавено во Општински вести | 0
Василево: Испочитувана христијанската вера и традиција- осветени водите во населените места во Василево

Вчера, на големиот христијански празнок Богојавление водици, осветени беа водите во населените места на општина Василево. Овој свет христијански чин имаше поддршка и од локалната самоуправа која обезбеди награди за оние кои го извадија светиот крст од осветените води.„Бог се јави! Во духот на нашата православна христијанска вера, денес на повеќе места во нашата општина, во осветените води беше спуштен светиот Крст. Прекрасен празничен ден во населените места во Општина Василево, заедно со народот, нека е за многу години! Најсреќните беа дарувани од страна на Општината. Посакувам мир, здравје,љубов и разбирање на целиот македонски народ. За многу години!  Христос е се!“, стои во пораката упатена од градоначалникот на општина Василево Славе Андонов споделена на неговиот ФБ профил,https://www.facebook.com/vasilevo24.Андонов заедно со дел од членовите на општинскиот совет Василево, присуствуваше на чинот на осветувањето на водите во неколку населени места, каде лично им честиташе и им упати желби за добро здравје на оние кои го  извадија крстот од водите.За успешно спроведување на овој свет чин, во деновите пред празникот, ЈПКД „Турија“, Василево со мехнизација и човечки ресурси се погрижи за уредување на околниот простор на локациите во оние населени места населените места каде крстот се спушташе во речните води.

недела, 15 март 2026, 10:06

вторник, 24 февруари 2026, 11:08

понеделник, 23 февруари 2026, 12:34

четврток, 19 февруари 2026, 11:02

среда, 18 февруари 2026, 09:19

Сите права се задржени © 2014 – 2024https://opstinavasilevo.gov.mk

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот.

Општина Василевос.Василево б.б. 2411тел: +389 34 354-444факс: +389 34 353-007e-пошта:[email protected]


Извор: Општина Василево