♻️ Во рамки на најголемата национална еколошка акција „Generalka Weekend“, која се одржува од 8 до 10 мај, Општина Кривогаштани и оваа година даде активен придонес во создавањето почиста и поздрава животна средина.
Во акцијата беа опфатени повеќе локации низ општината, а свое учество земаа ЈП ,,Пелагонија” Кривогаштани, ТППЕ Кривогаштани, вработените од Општина Кривогаштани, како и учениците и наставниот кадар од ООУ „Манчу Матак“ Кривогаштани, ООУ „Јонче Смугрески“ Обршани, како и подрачните училишта.
„Generalka Weekend“ е една од најмасовните еколошки иницијативи во државата, која ги обединува институциите, училиштата, компаниите и граѓаните со заедничка цел, чиста и зелена Македонија.
Преку ваквите активности се подигнува свеста за значењето на чистата животна средина и се испраќа порака дека секој од нас има одговорност во зачувувањето на природата во своето место на живеење.
Голема благодарност до сите кои се вклучија и помогнаа акцијата успешно да се реализира.
Општина Кривогаштани и понатаму ќе продолжи со активности и иницијативи насочени кон заштита на животната средина и развивање на еколошката свест кај граѓаните.
Извор: Општина Кривогаштани