Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за велосипед („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 08/22, 08/24), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2026 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 04/26), Општина Велес објавува:
Општина Велес на физичките лица кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на Јавниот повик04.05.2026година, заклучно со 02.06.2026годинаќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување велосипед.
На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.500,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
Изборот по јавниот повик ќе се реализира по принципот„со извлекување по случаен избор – транспарентно“.
Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на Јавниот повик па се до 02.06.2026 година, ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.
Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:
Барателот по објавување на јавниот повик доставува:
Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед, заедно со потребната документација се поднесува електронски наhttps://euslugi.veles.gov.mk/или во архивата на Општина Велес, на ул. „Панко Брашнар“ бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.
На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед за 2026година”.
На барателот со доставувањето на пликот во архива ќе му биде издаден архивски број со дата и час на достава на барањето.
Јавниот повик го распишува Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен велосипед, формирана од Градоначалникот на Општина Велес.
По завршувањето на јавниот повик, Комисијата на своја седница ги разгледува сите пристигнати барања и сите уредни и комплетни барања ќе бидат дел од системот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“.
Некомплетните барања нема да бидат предмет на понатамошна постапка.
Постапката за избор на барања „со извлекување по случаен избор – транспарентно“, Комисијата ќе ја спроведе во рок од 15 дена по завршувањето на рокот за достава на барања.
Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.
Градоначалникот на Општина Велес на предлогот на Комисијата носи решение за одобрување на барањата кои ги исполниле условите согласно јавниот повик и ја објавува листата на физички лица кои го добиле правото да бидат субвенционирани за дел од трошоците направени при набавка на велосипед.
Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.
Извор: Општина Велес