Сарај (Вести): ЈАВЕН ПОВИК за финансирање на програмски активности за 2026 година

објавено во Општински вести | 0
Сарај (Вести): ЈАВЕН ПОВИК  за финансирање на програмски активности за 2026 година

Врз основа на Програмата за активности и манифестации за 2026 година бр.0901-41/1 од 28.01.2026 година, Решението за јавен оглас за финансирање на програмски активности на здружениа, фондации, спортски клубови и поединци за 2026 година и Правилникот за начинот и постапката за распределба на буџетски средства бр.08-569/1 од 09.03.2026 година, Општина Сарај објавува:

ЈАВЕН ПОВИКза финансирање на програмски активности за 2026 година

Предмет на овој јавен повик е доделување финансиски средства за реализација на програмски активности и проекти од јавен интерес на локално ниво, во следните области:

Распределба на средствата е од Буџетот на Општина Сарај за 2026 година, согласно Програмата за активности и манифестации за 2026 година.

Општината го задржува правото да не ги додели сите средства доколку апликациите не ги исполнуваат критериумите.

Право на аплицирање имаат:

Предлог-проектите ќе се оценуваат според следните критериуми:

Вкупно: 100 бодаМинимален праг за финансирање: 60 бода.

Оценувањето го врши Комисија формирана од градоначалникот на Општина Сарај.

Секој член на Комисијата врши индивидуално бодирање.

Резултатите се објавуваат на веб-страницата на Општината.

Апликантите имаат право на приговор во рок од 8 дена од објавување на резултатите.

Апликантите (правни лица и поединци) мора да достават следниве документи за да се смета апликацијата за целосна и исправна:

– За здруженија, фондации и спортски клубови:

– За поединци (млади таленти):

Рокот за поднесување на апликации е 15 дена од денот на објавување.

Апликациите се доставуваат:

По пошта или во Архивата на Општина Сарајул. „Слобода“ бр. 36, Сарај

со назнака:„Јавен повик за финансирање на програмски активности за 2026 година“.

Непотполни и ненавремени апликации нема да се разгледуваат.

Со одобрените корисници ќе се склучи договор.

Корисниците се должни да достават финансиски и наративен извештај во рок од 30 дена по завршување на проектот.

Во случај на ненаменско користење на средствата, корисникот е должен да ги врати средствата во рок од 15 дена.


Извор: Општина Сарај