Врз основа на член 2 од Правилникот за уредување на условите, начинот и постапката за користење на финасиски средства од Буџетот на општина Крива Паланка за субвенционирање на млади невработени лица жители на општина Крива Паланка за купување на дигитален уред („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.1/23), Одлуката на Советот на Општина Крива Паланка за определување на максималниот број на субвенции и максимален износ на средства за доделување на поединечна субвенција за млади невработени лица жители на Општина Крива Паланка за купување на дигитален уред за 2026 година, број 09-820/5 од 20.02.2026 година („Службен гласник на Општина Крива Паланка број 02/26 од 23.02.2026 година) а согласно Програмата за млади на Општина Крива Паланка за 2026 година, бр.09-6407/29 од 09.12.2026 година („Службен гласник на Општина Крива Паланка број 13/25 од 10.12.2025 година) објавува
ЈАВЕН ПОВИКза надоместување на дел на трошоците на млади невработени лица жители на општина Крива Паланка за купен дигитален уред
Општина Крива Паланка ќе изврши поврат на дел од средствата на вкупно5 (пет)млади невработени лица жители на општина Крива Паланка за купен дигитален уред во износ од50%од вредноста на дигиталниот уред, но не повеќе од9.000(девет илјади) денари во нето износ по лице. Јавниот повик ќе трае од02јуни 2026 година до 02 јули 2026 година.
Право на учество на Јавниот повик за субвенционирање на дел од средствата за купување на дигитален уред имаат млади невработени лица со адреса на живеење на подрачјето на општина Крива Паланка, кои ги исполнуваат следните услови:– да спаѓаат во категоријата на млади дефинирани во член 3 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/20);– да се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија– дигиталниот уред да е набавен на територијата на Република Северна Македонија во 2026 година;
Според член 1 од Правилникот одредени термини го имаат следното значење:–младисе лица на возраст од 15 до 29 години;–дигитални уредисе десктоп копмјутер, преносен компјутер односно лаптоп или таблет;–невработено лицее евидентирано лице кое не е вработено, активно бара работа и ги исполнува условите спред Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.
Со одлука на Совет на Општина Крива Паланка, максималниот број на субвенции се определува на вкупно 5 (пет) субвенции, а максималниот износ за поедничената субвенција за купен дигитален уред за 2026 година се утврдува во износ од50%од вредноста на дигиталниот уред, но не повеќе од9.000(девет илјади) денари во нето износ.
Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање надоместок за еден дигитален уред.
Начин на пријавување на Јавниот повик – документација што треба да се достави како доказ за исполнување на горенаведените услови:
Барањеза финансиски средства за субвенција за купување на еден дигитален уред (барањето може да се подигне во Архивата на општинаКрива Паланка или да се обезбеди од интернет страницата на општина Крива Паланка:krivapalanka.gov.mk);
Документацијата се поднесува во Архивата на Општина Крива Паланка, секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот, во затворен плик со намена за „ Јавен повик за надоместување на дел на трошоците на млади невработени лица жители на Општина Крива Паланка за купување на дигитален уред “ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.
Начин на реализација на Јавниот повик
По објавувањето на Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на млади невработени лица жители на Општина Крива Паланка за купување на дигитален уред, на веб-страницата на Општината во рок од 30 календарски дена заинтересираните млади со пополнување на Барање, вклучувајќи ја и целата потребна документација ја доставуваат во архивата на Општина Крива Паланка.
Во случај на повеќе поднесени барања во однос на определениот број на субвенции, предност ќе има барателот кој е евидентиран како невработен подолг временски период во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
Комисијата ќе изготви предлог до Градоначалникот за донесување Решенија за исплата на финансиските средства на барателите за кои е утврдено дека ги исполниле условите наведени во Јавниот повик.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКАГрадоначалникСашко Митовски
Правилник за субвенционирање за купување на дигитален уред за невработениБАРАЊЕИзјава за не искористено правоИзјава за давање на согласност
Извор: Општина Крива паланка