Брилијантна изведба приредија младите актери – ученици од СОУ „Димитар Влахов“ со претставата „Брилијантин“, која беше изведена на големата сцена наНУЦК „Антон Панов“воСтрумица.
Меѓу публиката што уживаше во актерската игра на средношколците беше и градоначалникотПетар Јанковсо сопругата, кој континуирано ги поддржува учениците од општинските училишта, како во воспитно-образовниот процес, така и во воннаставните активности.
Режијата, сценската адаптација и сценографијата на претставата „Брилијантин“ се дело наКољо Черкезов.
Извор: Општина Струмица