Прилеп (Огласна табла): Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на ч

објавено во Општински вести | 0
Прилеп (Огласна табла): Јавен повик  за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на ч

Врз основа на  член 36, став 1, точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.202/24), член 26 и 26-а од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/2025), како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024), а по предлог на Градоначалникот,

Советот на Општина Прилеп објавува:

за пројавување на интересза пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одборза контрола на материјално-финансиското

работење на Јавно претпријатие за енергетски дејности ,,Енерго-Прилеп” Прилеп

Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на 3 (три) члена на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие за енергетски дејности ,,Енерго-Прилеп” Прилеп, , со седиште на ул.,,Прилепски бранители” бр.1 Прилеп.

Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024).

33.20    Инсталирање на индустриски машини и опрема

35.11    Производство на електрична енергија

35.22    Дистрибуција на гасовити горива преку дистрибутивните системи

42.99    Изградба на други објекти од нискоградба, неспоменати на друго место

43.21    Електроинсталатерски работи

43.99    Останати специјализирани градежни работи неспоменати на друго место

71.12    Инженерство и со него поврзано техничко советување

Право на учество имаат сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување на кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.

Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Прилепwww.prilep.gov.mk

За член на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие за енергетски дејности ,,Енерго-Прилеп” Прилеп на јавното претпријатие може да биде лице кое ги исполнува следниве услови:

Членовите на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие за енергетски дејности ,,Енерго-Прилеп” Прилеп, треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:

– еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку пет години работно искуство,

– еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и

– еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи

Времетраењето на мандатот на членовите на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие за енергетски дејности ,,Енерго-Прилеп” Прилеп изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.

РАБОТНИ ЗАДАЧИ, ОДГОВОРНОСТИ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА НАДЗОРЕН ОДБОР ЗА КОНТРОЛА НА МАТЕРИЈАЛНО-ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ

Согласно член 27 од Законот за јавните претпријатија, Надзорниот Одбор, ги извршува следните работни задачи, одговорности, права и обврски и тоа:

Претседателот и членовите на надзорниот одбор на јавното претпријатие за секоја седница на надзорен одбор на која присуствувале имаат право на надоместок во висина до една третина од просечната нето плата на вработените во јавното претпријатие исплатена во претходната година.

Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на Надзорниот одбор на Јавно претпријатие за енергетски дејности ,,Енерго-Прилеп” Прилеп се:

Постапката за селекција на членовите на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие за енергетски дејности ,,Енерго-Прилеп” Прилеп се состои од две фази и тоа:

-Фаза 1 – административна селекција (фаза во која се врши проверка на внесените податоци во пријавата со условите од јавниот повик кои треба да се идентични со условите утврдени во Законот за јавните претпријатија, како и на доставените докази и се врши нивно бодување) и

–  Фаза 2 – интервју (фаза во која преку ситуациони и стручни прашања и практични задачи се проверуваат општите и посебните работни компетенции на кандидатот и се врши нивно бодување, а се поставуваат и општи прашања со кои се проверува интересот и мотивацијата на кандидатот за работата, прашања за неговото претходно работно искуство, очекувањата на кандидатот и сл.).

Точниот датум, време и место на оддржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Прилеп:www.prilep.gov.mk.

Јавниот повик се објавува на ден 09.01.2026 година и трае 5 (пет) дена, односно до 14.01.2026 година.

Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма во оригинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување (која е во прилог кон повикот) да ја достават:

Незадоволните кандидати од изборот за членoви во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.

Напомена: Пријавите без комплетно приложена документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

на Совет на Општина Прилеп

ПРЕЗЕМИ obrazec-za-prijavuvanje

ПРЕЗЕМИ Јавен повик за НО Енерго Прилеп


Извор: Општина Прилеп