Македонска Каменица (Настани): Македонска Каменица на 9 август ќе го одбележи Денот на дијаспората со богата музичка и културна програма

објавено во Општински вести | 0
Македонска Каменица (Настани): Македонска Каменица на 9 август ќе го одбележи Денот на дијаспората со богата музичка и културна програма

Општина Македонска Каменица и оваа година традиционално го организираДенот на дијаспората, настан посветен на сите наши сограѓани кои живеат и работат надвор од татковината, но секогаш со љубов се враќаат во својот роден град.

Манифестацијата ќе се одржи на9 август 2026 година (недела), на улицата„Александар Македонски“, со почеток во18:00 часот.

За посетителите е подготвена богата програма која ќе понуди содржини за сите генерации:

⭐ Детски фестивал „Ѕвездички“

💃 Настап на КУД „Вера Јоциќ“

🎤 Концерт на Софија Манева и групата K4

🎧 Настап на реномираниот македонски диџеј Галоски, кој ќе ја заокружи вечерта со одлична музика и незаборавна атмосфера.

Денот на дијаспората претставува можност повторно да се сретнат семејствата, пријателите и сите оние кои Македонска Каменица ја носат во срцето, без разлика каде живеат.

Општина Македонска Каменица ги поканува сите граѓани, иселеници и гости да бидат дел од оваа традиционална летна манифестација и заедно да создадеме уште една вечер за паметење.

Добредојдовте на Денот на дијаспората 2026!


Извор: Општина Македонска каменица