Прилеп (Настани): УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ПРВАТА „ПРИЛЕПСКА ПРАЗНИЧНА ПРИКАЗНА“

објавено во Општински вести | 0
Прилеп (Настани): УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ПРВАТА „ПРИЛЕПСКА ПРАЗНИЧНА ПРИКАЗНА“

„Изминативе денови Прилеп живееше во празничен ритам, исполнет со радост, музика и споделени моменти што ќе останат во убаво сеќавање. Заедно создадовме атмосфера која уште еднаш покажа дека нашиот град има душа, топлина и знае да се обединува околу убавите нешта.

Упатувам искрена благодарност до сите кои учествуваа, поддржаа и беа дел од овој настан што за првпат се реализираше со јасна цел, да постави темели за една нова, убава и препознатлива празнична традиција.Вашата енергија и присуство беа најсилната потврда дека заедно можеме да создаваме настани кои го збогатуваат културниот и заедничкиот живот во Прилеп.

Ова е само почеток на една приказна која со сигурност ќе продолжи да се гради и надградува од година во година. Ви благодарам на сите што бевте дел од нејзиното прво издание.

Се гледаме повторно во следната празнична сезона, со уште повеќе содржини, радост и празнична магија.Прилеп!“ – истакна градоначалникот Дејан Проданоски


Извор: Општина Прилеп