Дојран: Авионска апликација на средство за уништување на ларви од комарци-16.05.2026 година (сабота)

објавено во Општински вести | 0
Дојран: Авионска апликација на средство за уништување на ларви од комарци-16.05.2026 година (сабота)

Се известуваат граѓаните од општина Дојран дека на ден16 мај 2026 година(сабота) во раните утрински часови ќе се врши авионска апликација на средство за уништување на ларви од комарци на посочените локации- во пределот со трски помеѓу Нов Дојран и с. Николиќ и помеѓу Нов Дојран и Стар Дојран.

Авионската апликација на средство за уништување на ларви од комарци ќе се спроведе истиот ден во утринските часови со препарати одобрени од надлежните институции во согласност со пропишаните здравствени, безбедносни и еколошки стандарди.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Апел до пчеларите : Се замолуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пчелните кошници во најавениот термин на прскање.


Извор: Општина Дојран