Карпош: КАРПОШ ДОСТОИНСТВЕНО ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

објавено во Општински вести | 0
Карпош: КАРПОШ    ДОСТОИНСТВЕНО   ГО   ОДБЕЛЕЖА   ДЕНОТ  НА ПОБЕДАТА   НАД  ФАШИЗМОТ

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Со   акапелна  изведба  на македонската државна химна  „Денес над Македонија  се раѓа“ и химната на Европа „Ода на радоста“ од страна на Пензионерскиот хор-Карпош, пред спомен обележјето на Првиот скопски  партизански одред,  денеска беше одбележан „Денот на Европа“, попознат како Ден на победата над фашизмот-09 мај. Делегација од Општина Карпош, предводена  од раководителот на Секторот за поддршка и организација на работата на Советот и архивско-административни работи Патрик Поповски, положи свежо цвеќе и на тој начин достојно го одбележа овој историски празник, втемелен во државноста на Македонија. Претседателот на Сојузот на борците на Македонија- Карпош, Владо Трајаноски во својот говор ја истакна важноста и значењето на Денот на победата над фашизмот и ја нагласи улогата на македонските партизански единици, кои се бореа рамо до рамо со своите сојузници, за ослободување на Европа од окупаторот.

– Нашата визија и мисија е споменот и меморијата за важноста и улогата на нашите борци од минатото да им го пренесуваме на идните генерации, особено на помладите од основните училишта, за и тие еден ден да ја продолжат традицијата на одбележување на ваквите  историски настани од  огромно значење за создавањето на нашата држава , нагласи Трајаноски.

На свечената манифестација, свежо цвеќе во спомен на паднатите и загинати борци за слободата на македонскиот народ и татковината, положија бројни претставници на сојузи на борци, политички партии и останати здруженија на граѓани, со што достоинствено го одбележаа значајниот историски датум.

[/vc_column_text][vc_video link=””][vc_separator color=”blue” border_width=”3″][vc_images_carousel images=”61709,61710,61711,61712,61713″ img_size=”full” slides_per_view=”4″ hide_pagination_control=”yes”][/vc_column][/vc_row]


Извор: Општина Карпош