Радовиш (Вести): Оглас за прибирање на понуди за доделување на линии за превоз на патници на тери

објавено во Општински вести | 0
Радовиш (Вести): Оглас за прибирање на понуди за доделување на линии за превоз на патници на тери

Врз основа на член 22 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16, 71/16, 64/18, 140/18 и 163/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 67/22, 170/24, 3/25, 17/25 и 101/25), согласно член 7 Одлука за Општински линиски превоз бр. 08-1364/1 од 17.11.2025 година, прва измена 08-1441/1 од 26.11.2025 година и втора измена бр. 08-170/1 од 30.01.2026 година, Одлука за распишување на оглас за распределба на линии за вршење на линиски превоз на патници во општина Радовиш бр. 08-1365/1 од 17.11.2025 година прва измена бр.08-1443/1 од 26.11.2025 година и втора измена бр. 08-171/1 од 30.01.2026 година,

Комисија за јавна безбедност безбедност во сообраќајот и противпожарната заштита при Совет на општина Радовиш распишува

за прибирање на понуди за доделување на линии за превоз на патници на територијата на општина Радовиш

За превоз на патници од општина Радовиш се објавува оглас за доделување на следните линии:

Подносителите на понудите за учество во доделување на линиите за вршење на општински линиски превоз на патници, покрај општите услови предвидени со Законот за превоз во патниот сообраќај и согласно член 7 од Одлуката за општински линиски превоз на патници, донесена на седница на Совет одржана на 17.11.2025 година и Одлука за распишување на оглас за распределба на линии за вршење линиски превоз на патници во општина Радовиш донесена на седница на Совет одржана на 17.11.2025 година, треба да ги исполнат следните услови:

Понудата на подносителот за учество во доделување на линиите задолжително треба да содржи:

Ониепревозници коинемаат лиценцаза вршење општински линиски  превоз на патници освен погоре наведените кон пријавата треба да ги достават и следните документи:

Постапката за доделување на линии за превоз на патници ја спроведува Комисијата за јавна безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарната заштита врз основа на следните критериуми:

Бодовите ќе се пресметуваат по следната формула:

Бод =___најниско понудена ценаx 20____

Понудата потпишана и заверена од законскиот застапник на правното лице со пропратната документација, доказите за потребните услови да се достават во запечатени пликови до архивата на општина Радовиш.

Пликот со понудата задолжително треба да има ознака“пријава по оглас за доделување на линии во општинскиот линиски превоз”со назнака“за комисијата”.

На документите во копија , на секоја страна треба да има печат од правното лице, потпис на одговорното лице и забелешка,,верно на оригиналот,,

Огласот трае 7 (седум) дена од денот на објавувањето во средства за јавно информирање, огласна табла на Општина Радовиш како и на официјалната web-страна на општина Радовиш (www.radovis.gov.mk) од 04.02.2026 година до 10.02.2026 година.

Некомплетираните понуди и понудите доставени по определениот рок нема да се разгледуваат.

Доколку се јават повеќе заинтересирани превозници за вршење на превоз, правото му се дава на оној превозник кој ќе понуди поповолни услови за одржување на линии утврдени во огласот.

Отварањето на сите навреме поднесени пријави ќе се одржи на ден 11.02.2026 година (среда) во 11 часот во просториите на Oпштина Радовиш.

По доделувањето на линија на превозниците ќе им се издаде Дозвола и возен ред.

Напомена:Согласно член 12 од Одлуката за општински линиски превоз, донесена на V-та итна седница на Совет на 17.11.2025 година, по завршување (истекување) на договорите за превоз на ученици склучени врз основ на Законот за јавни набавки, ќе се склучат договори врз основ на добиените Дозволи по овој Јавен Оглас.

Совет на општина Радовиш

Комисија за јавна безбедност                                         безбедност во сообраќајот и противпожарната заштита


Извор: Општина Радовиш