Берово: Формиран Локален младински совет во Општина Берово

објавено во Општински вести | 0
Берово: Формиран Локален младински совет во Општина Берово

[vc_row][vc_column][vc_column_text css=””] Општина Берово доби Локален младински совет – тело, кое ќе ги застапува интересите и потребите на младите и ќе придонесува за нивно активно вклучување во креирањето на локалните политики и активности.
Одлука за избор во Локален младински совет
Решение од совет за формирање на ЛМС – Берово
За претседател на Локалниот младински совет е избран Иван Стојановски, а членови се Ана Шоповска, Евгенија Тушевска, Павел Монев и Лилјана Ајтовска.
Локалниот младински совет, ќе работи на препознавање на предизвиците со кои се соочуваат младите, предлагање иницијативи и мерки за подобрување на нивната положба, како и поттикнување на младинското учество, во општествениот живот во Општина Берово.
Младите кои сакаат да се информираат или да споделат свои идеи и предлози можат да се обратат на електронската адреса:
lsm.berovo@gmail.com
.
На членовите на Советот им посакуваме успешна работа, плодна соработка и многу реализирани иницијативи во интерес на младите од Општина Берово.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]


Извор: Општина Берово